ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ДВЕ ПРИВАТНИ УЧИЛИШТА И ВО МУЗЕЈ Скопската полиција утврди дека нема опасност

Полицијата потврдува дека учениците и вработените не се изложени на опасност, а се преземаат мерки за откривање на лицето кое испратило лажните експлозивни дојави.

2

Денеска околу 9 часот утрово во две приватни училишта во Скопје и во Музеј пристигнале електронски пораки за поставени експлозивни направи. Брзо реагирале полицијата и надлежните служби, а проверките покажале дека се работи за лажни пријави.

Од СВР Скопје за Плусинфо изјавија дека веднаш биле преземени сите безбедносни мерки, учениците и вработените не се изложени на опасност, а се работи на идентификација на лицето кое ги испратило лажните дојави.






Според нив, Секторот за компјутерски криминал и секторот за тероризам, преку меѓународна полициска соработка, веќе ја води истрагата за тоа од каде се испратени пораките и кој стои зад нив.

Поврзани содржини