ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ИЗНЕСУВА 45.466 ДЕНАРИ Еве кои сектори беа заслужни за нејзиниот раст
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец од минатата година.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Статистика објасни дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „образование“ за 14,9%, „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 12,6% и „транспорт и складирање“ за 11,5%.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „преработувачка индустрија“ за 3,5%, „јавна управа и одбрана“; „задолжително социјално осигурување“ за 1,8 % и во „рударство и вадење на камен“ за 1,1%.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец од минатата година.