И СЕНАТОТ ГО ОДОБРИ ОБЈАВУВАЊЕТО НА ДОСИЕЈАТА НА ПЕДОФИЛОТ ЕПШТАЈН Поради огромното мнозинство гласови, Трамп нема право на вето

Законот бара од државната обвинителка Пем Бонди да ги објави сите некласифицирани записи, документи, комуникации и истражни материјали поврзани со Епстајн и неговата соработничка Гилејн Максвел најдоцна 30 дена по донесувањето на законот.

204

Двата дома на американскиот Конгрес го усвоија законот што го обврзува министерството за правда да ги објави сите досиеја за сексуалниот престапник и педофил Џефри Епштајн.

Откако Законот за транспарентност на досиејата Епстајн помина во Претставничкиот дом со 427-1 во гласови, тој едногласно, по забрзана постапка, беше усвоен и во Сенатот без формално гласање. Ова следува само неколку дена откако Доналд Трамп изненадувачки ги повика републиканските пратеници да гласаат за објавување на сите документи за Епстајн. Соочувајќи се со притисок и од сопствените сопартијци, Трамп го промени ставот, велејќи дека нема што да крие.






Единствениот кој гласаше против законот беше републиканецот од Луизијана, Клеј Хигинс.

„Она што беше погрешно со законот пред три месеци погрешно е и сега. Со него се напуштаат 250 години кривична постапка во Америка“, објасни Хигинс.

Минатата недела, Трамп и неговите врски со Епштајн повторно избија во прв план откако беа објавени повеќе од 20.000 страници документи, при што во некои од нив се споменуваше и претседателот. Белата куќа негираше какво било кривично дело.

По гласањето во Конгресот, законот оди на потпис кај Трамп, кој нема да може да стави вето зашто беше изгласан со огромно мнозинство. Законот бара од државната обвинителка Пем Бонди да ги објави сите некласифицирани записи, документи, комуникации и истражни материјали поврзани со Епштајн и неговата соработничка Гилејн Максвел најдоцна 30 дена по донесувањето на законот. Бонди, сепак, ќе има право да задржи информации што би загрозиле активни федерални истраги или би идентификувале жртви.

Епштајн беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Њујорк во 2019. За време на две кривични истраги против него беа собрани илјадници документи, вклучително и транскрипти од интервјуа со жртви и сведоци.

Поврзани содржини