ТРИБИНА ЗА ОСАМЕНОСТА Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа го одбележува Денот на толеранцијата

32

Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа по деветти пат традиционално ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, со организирање на значаен настан. Станува збор за трибина и проекција на филм под наслов „Осамени и ние и тие (како се започна)“, посветен на комплексниот проблем на осаменоста кај повеќе категории граѓани.

Трибината ќе се одржи во Кинотека на Северна Македонија утре, 19 ноември 2025 година (среда), со почеток во 18:30 часот.






Настанот ќе го отвори претседателката на клубот, Гена Теодосиевска, која воедно ќе има улога на модератор на целата дискусија. По воведниот збор, публиката ќе има можност да ја проследи проекцијата на краткиот игран филм „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска.

Централен дел на вечерта е панел дискусијата на која учество ќе земат реномирани експерти и јавни личности кои ќе ги споделат своите видувања за осаменоста. Свои искажувања ќе имаат Лаура Салиу, претставник на социјалниот сервис „Итно копче“ при Црвен крст на град Скопје, Елеонора Андонова, социјален работник, и Ивона Ѓорѓиева, психолог, и двете од Црвен крст на град Скопје. На панелот ќе се приклучи и Тиана Ивановска, психолог од центарот „Себесложувалка“, како и актерот Игор Џамбазов.

Темата „Осамени и ние и тие“ има за цел да ја подигне свеста за толеранцијата и емпатијата кон оние кои се соочуваат со осаменост, нудејќи нови перспективи за разбирање и помош. Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат, верувајќи дека предавањето и дискусијата ќе придонесат за полесно разбирање и поддршка на осамените во општеството.

По завршувањето на официјалниот дел, клубот организира и пријатно дружење во фоајето на Кинотеката.

Поврзани содржини