НЕ Е БАШ ОД НАЈПАМЕТНИТЕ! Илон Маск брутално ѝ одговори на Били Ајлиш по нејзините критики на богаташите

Дебатата за богатството и општествената одговорност ја подели јавноста откако пејачката Били Ајлиш ги прозва ултрабогатите, а основачот на Тесла, Илон Маск не ѝ остана должен.

115

На Интернет избувна расправија помеѓу пејачката Били Ајлиш и технолошкиот могул Илон Маск, а поводот е статусот на Маск на иден прв светски билионер. Дебатата за богатството и општествената одговорност ја подели јавноста откако пејачката ги прозва ултрабогатите, а основачот на Тесла не ѝ остана должен.

Сè започна на доделувањето на Innovator Awards на Wall Street Journal, каде 23-годишната Ајлиш ги повика најбогатите луѓе во светот да донираат повеќе.






– Живееме во време кога светот е навистина темен и тежок, а луѓето имаат поголема потреба од емпатија и помош од кога било. Ако имате огромно богатство, би било прекрасно да го вложите за добри работи и да им помогнете на оние на кои им е потребно – изјави таа.

Пејачката иронично праша: „Ве сакам сите, но овде има луѓе кои имаат многу повеќе пари од мене. Ако сте милијардер, зошто сте милијардер?“

Нејзините коментари се совпаднаа со веста дека Маск и управата на Тесла договориле најголем платен пакет во корпоративната историја. Ако ги исполни поставените цели во следните десет години, меѓу кои производство на 20 милиони електрични возила и пуштање во работа на милион самовозечки такси, Маск би можел да стане првиот билионер во историјата. Соочена со овие вести, Ајлиш го нарече Маск „патетична кукавица“, што веднаш предизвика лавина реакции.

Милијардерот не молчеше долго. На платформата X кратко одговори: „Не е баш од најостроумните“.

 

Коментарот дополнително ја разгори расправата.

По Масковата изјава, поддржувачите на Ајлиш остро реагираа.

– Ако така зборува за пејачка која има Греми, што мисли за нас останатите – напиша еден корисник. Друг додаде дека Маск очигледно е свесен за глобалните проблеми, „а сепак не бира да направи ништо“.

Критичарите на Маск оценија дека навредите не го решаваат суштинското прашање.

– Нарекувањето на пејачката „глупава“ не ја менува поентата. Таа постави легитимно прашање за одговорноста на милијардерите – стои во еден коментар.

Но имаше и спротивни мислења. Поддржувачите на Маск велат дека славните личности немаат право да диктираат како некој ќе го троши своето богатство.

– Негови пари, негов избор – напиша корисник на X, а друг додаде: „Зошто им кажувате на богатите луѓе како да ги трошат парите за кои работеле?“

Поврзани содржини