„ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ, АКО ИЗРАЕЛ НЕ ПОСТОИ“ Харвард крие тајна архива со израелски дела

Во скривницата, според статијата, се чуваат илјадници дела, од поезија и научни трудови до политички постери, знаменцa и споменици за паднати војници. Сè е дигитализирано и каталогизирано во огромни подземни сали со цел да се зачува „целосна резервна копија“ на израелската цивилизација.

210

Под површината на универзитетот Харвард се крие необична архива, депо со книги, фотографии, снимки и документи кои ја одразуваат целата културна и научна историја на Израел. Според израелски „Хаарец“, архивата постои „за секој случај, ако Израел престане да постои“.

Во скривницата, според статијата, се чуваат илјадници дела, од поезија и научни трудови до политички постери, знаменцa и споменици за паднати војници. Сè е дигитализирано и каталогизирано во огромни подземни сали со цел да се зачува „целосна резервна копија“ на израелската цивилизација.






Притоа, архивата не е дел од ниту една израелска институција, туку претставува независен проект што го води истражувачот Чарлс Берлин уште од шеесеттите години. Тој бил посветен на создавање светска колекција за еврејската култура и, според „Хаарец“, токму таа независност е нејзиниот најголем гарант дека материјалите ќе преживеат дури и во услови на политички потреси.

Израелскиот писател Хаим Беер во деведесеттите го посетил објектот и го опишал како „огромен подземен храм исполнет со живот“ каде што млади жени без престан внесувале податоци за материјали што инаку би се изгубиле во времето.

Меѓутоа, некои архивари од Израел не ја поддржале идејата. Поранешниот директор на Државниот архив, Моше Моск, изјавил дека одбил да соработува со Чарлс Берлин „бидејќи самата претпоставка дека Израел можеби нема да опстане е неприфатлива“.

Сепак, други научници, како Ехуд Бен-Езер, ја бранеле мисијата на Чарлс Берлин велејќи дека проектот не бара катастрофа за да има смисла. Доволно е да се знае дека документите во Израел често се чуваат во ризични услови, изложени на пожари, поплави и заборав.

Архивата денес содржи околу еден милион предмети, меѓу нив и милиони фотографии и десетици илјади часови аудио и видео материјали. Тоа е, како што вели „Хаарец“, „осигурување на цивилизацијата“, едно место каде што се чува сè што го раскажува животот на Израел во случај тој некогаш да стане само сеќавање.

Поврзани содржини