📽️ МАДУРО ЗАПЕА „IMAGINE“ ДОДЕКА СЕ ОСТРАТ КОПЈАТА НА КАРИБИТЕ Каква порака испрати со песната на Ленон?

Каква прекрасна песна. Млади луѓе, погледнете го текстот. Тоа е инспирација за сите генерации. Мораме да направиме сè за мир, како што велеше Џон Ленон, нели?, изјави претседателот на Венецуела на митинг во Каракас, додека американските воени бродови и носачи се веќе распоредени на чекор од венецуелскиот брег.

105

На митинг во Каракас, претседателот на Венецуела Николас Мадуро запеа. Не беше народна песна, ниту химна, туку „Imagine“ на Џон Ленон. Симболичен избор, во момент кога американски носач на авиони и неколку воени бродови се распоредени во Карибите, само на чекор од венецуелскиот брег, јави Асошиетед прес.

Мадуро, мавтајќи со раце и охрабрувајќи ја толпата, рече дека песната го инспирира на мир.






– Каква прекрасна песна. Млади луѓе, погледнете го текстот. Тоа е инспирација за сите генерации. Мораме да направиме сè за мир, како што велеше Џон Ленон, нели? – додаде Мадурo.

Pотоа му се обрати на министерот за комуникации Алфред Назарет:

– Како одеше таа песна?

 

Толпата му се придружи, а музиката почна да свири.

– Да живее мирот – истакна претседателот на Венецуела.

Меѓутоа, ваквиот мирољубив настап доаѓа во период на зголемени тензии. Според Вашингтон, американските сили се распоредени поради операции против шверц на дрога, но Каракас смета дека вистинската цел е рушење на власт.

Поврзани содржини