ИСПУКАЛЕ 15 КУРШУМИ, ПА ПОБЕГНАЛЕ НА КОСОВО Пограничен инцидент на српско-косовската граница

Од куршумите било погодено службеното куче на српската патрола, но никој од војниците не е погоден.

641

Вооружена група вчера околу 15 часот отворила оган во правец на припадници на српската армија во близина на границата меѓу Србија и Косово, јавија српски медиуми.

Инцидентотот се случил во подножјето на ридот Шоп, во реонот на базата на српските вооружени сили „Дебела Глава“. Групата, за која српските медиуми тврдат дека се Албанци, испукала 15 истрели и го погодила војничкото куче, но никој од војниците не е ранет.






Веднаш по инцидентот, вооружената група, со шест џипови избегала во правец на Косово, се наведува во новинските извештаи. Полициските и воените сили веднаш реагирале и го зголемиле своето присуство во областа.

Истрагата е во тек со цел да се утврдат сите околности на нападот и идентитетот на сторителите.

Ова е уште еден во низата инциденти што дополнително ги зголемуваат тензиите во чувствителниот пограничен регион, каде во последните месеци се регистрирани повеќе безбедносни нарушувања. Властите повикуваат на смирување на состојбите и строго почитување на безбедносните протоколи.

Поврзани содржини