ВО ГЕРИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА СЕ ВРАБОТЕНИ 23 НЕГУВАТЕЛКИ Двајца доктори се на супспецијализација по геријатриска медицина

Министерот за здраввство Азир Алиу информира и дека за оваа специјализирана болница е обезбедена нова медицинска и немедицинска опрема, како што се eлектрохируршка единица на радиобранови, крио-спреј, парен автоклав - воден стерилизатор, болнички наткасни со масички за хранење и справи за физикална терапија.

222

Изминатите месеци во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ се вработени 48 лица, од кои 23 негуватели, 22 хигиеничари, двајца возачи и еден лаборант со што установата се зајакна со стручен кадар, изајви министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина која од вчера се одржа во Скопје.

-Во моментов, еден доктор е упатен на специјализација по интерна медицина и двајца доктори специјалисти на супспецијализација по геријатриска медицина. За следната година се планирани уште две супспецијализации по геријатриска медицина – рече Алиу.






Тој истакна дека за оваа специјализирана болница е обезбедена нова медицинска и немедицинска опрема, како што се eлектрохируршка единица на радиобранови, крио-спреј, парен автоклав – воден стерилизатор, болнички наткасни со масички за хранење и справи за физикална терапија.

-Како министер за здравство сакам да креирам политики базирани на податоци и на потреби. Како што популацијата и демографијата се менуваат, така со менувањето на граѓанинот треба да се менува и инфраструктурата на здравството. Така што ќе креирам и понатаму политики кои се потребни за оваа популација и развој на инфраструктура која е потребна – рече Алиу.

Поврзани содржини