ОД ДЕНЕСКА ЗИМСКАТА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА Обврската завршува на 15 март
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска до 15 март започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, соопшти АМСМ.
Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
АМСМ информира и дека сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.