НИКОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ЈА НАПУШТИ ГРЦИЈА АКО ИМА НЕПЛАТЕНИ КАЗНИ Еве како ќе функционираат во пракса новите правила
Оваа новина, според грчките власти, е неопходна бидејќи годишно се пишуваат сообраќајни казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се наплаќа само 40 милиона евра.
Грција најави нов, автоматски систем за контрола за сообраќајни прекршоци кои нема да им дозволат на странците да ја напуштат земјата ако имаат неплатена казна.
Грчкото Министерство за дигитална управа најави воведување нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Тоа значи дека штом стасате на граница, системот автоматски ќе ги прикаже сите неплатени казни за сообраќајни прекршоци во Грција, објави Никана.гр.
Сметката ве чека на граница
Било да ве запрела полиција и ви напишала казна, или ве снимиле новите сообраќајни камери како правите прекршок (иако вие тоа можеби нема да го знаете), на граница ќе ве чека сметката.
Еве како ќе функционира во пракса: Ако, на пример, ве сними сообраќајна камера во Солун, во истиот миг ќе бидете регистрирани, а казната во реално време ќе биде на граничниот премин, пред вие да стасате таму.
Мерката се применува автоматски, блокирајќи излез од земјата додека долгот не се плати.
Оваа новина, според грчките власти, е неопходна бидејќи годишно се пишуваат сообраќајни казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се наплаќа само 40 милиона евра.
Подобра наплата
Целта е јасна: праведен и избалансиран однос помеѓу возачите, како и значајно зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Србија исто така планира од 13 ноември да воведе дигитално возачко досие.
View this post on Instagram