🎥 БОМБАШ САМОУБИЕЦ УБИ НАЈМАЛКУ 12 ЛИЦА ВО ИСЛАМАБАД Пакистан е во воена состојба, рече министерот за одбрана

Напаѓачот утрово се обидел да влезе во судската зграда, но ја активирал експлозивната направа пред зградата, во близина на полициското возило, откако чекал таму 10 до 15 минути, изјави министерот за внатрешни работи Мосин Накви на местото на настанот.

660

Бомбаш самоубиец утрово уби најмалку 12 лица пред судница во пакистанскиот главен град Исламабад, изјави министерот за внатрешни работи Мосин Накви.

Неколку луѓе се ранети, а некои се во критична состојба, изјави болнички извор.






Напаѓачот утрово се обидел да влезе во судската зграда, но ја активирал експлозивната направа пред зградата, во близина на полициското возило, откако чекал таму 10 до 15 минути, изјави министерот Накви на местото на настанот.

– Го истражуваме овој инцидент од повеќе агли. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во центарот на Исламабад – рече министерот.

Експлозијата се случила во близина на влезот на Окружниот суд во Исламабад, кој обично е преполн со луѓе.

Видеата и фотографиите објавени во локалните медиуми покажуваат луѓе облеани во крв како лежат покрај полициско возило.

Експлозијата предизвика паника, а безбедносните сили ја затворија областа, предизвикувајќи застој на сообраќајот на клучните патишта.

– Бевме во судот кога слушнавме оглушувачка експлозија. Сите се исплашија и луѓето почнаа да трчаат во сите правци. Беше застрашувачка сцена, а хаосот избувна веднаш по експлозијата – изјави очевидец.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари го осуди нападот и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Министерот за одбрана Хаваџа Асиф предупреди дека земјата е во „воена состојба“.

– Овој напад треба да се смета за повик за будење во односите со Авганистан, напиша Асиф на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека „доаѓа од Кабул“.

Иако никој сè уште не ја презеде одговорноста, безбедносни извори велат дека нападот ги покажува карактеристиките на операција на милитанти поврзани со авганистанските талибанци и со Индија. Пакистан се соочува со нов бран исламистичко насилство во последните 3 години, откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година. Исламабад долго време го обвинува Кабул дека им нуди засолниште на милитантните пакистански талибанци, тврдење што авганистанските власти цврсто го негираат.

 

🎥 АВТОМОБИЛ ЕКСПЛОДИРАШЕ ВО ЊУ ДЕЛХИ, НАЈМАЛКУ 8 МРТВИ Индискиот премиер Моди вети брза истрага и правда

Поврзани содржини