ПОРАСНА ВРЕДНОСТА НА ЗЛАТОТО ВО ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАРОДНА БАНКА Во октомври учеството на златото во резервите изнесува 15,9%

Во септември златото во вкупните девизни резерви изнесуваше 15,2%, а во август 13,6%. Девизните резерви пласирани во хартии од вредност во септември изнесуваа 74,7%. во август 74,6%, додека пак резервите пласирани во валути и депозити во септември имале процентуално учество од 10%, а во август 11,7%.

416

Девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесувале 4,84 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 120,5 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,9%) и валутите и депозитите (13%).






Ако се анализираат податоците за пласманот на девизните резерви може да се види дека веќе втор месец се зголемува вредноста на монетарното злато и резервите во валути и девизи, но се намалува пласманот на резервите во хартии од вредност.

Во септември златото во вкупните девизни резерви изнесуваше 15,2%, а во август 13,6%, процент кој е речиси идентичен во последните години.

Девизните резерви пласирани во хартии од вредност во септември изнесуваа 74,7%. во август 74,6%, додека пак резервите пласирани во валути и депозити во септември имале процентуално учество од 10%, а во август 11,7%.

Од Народна банка велат дека зголемувањето на вредноста на златото во државните резерви не е поради тоа што се купува злато, туку е резултат на цената на златото.

-Количината на злато во девизните резерви во 2025 година е непроменета. Притоа, растот на вредноста на златото, изразена во паричен износ, во целост се должи на повисоката цена на златото- велат од Народна банка.

Извор: НБ

Според официјалните податоци, Македонија чува околу 7 тони злато кое се чува во банка во Банката на Англија.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во јули оцени дека и покрај стабилноста на девизните резерви, нивото на монетарното злато не е задоволително. Тој изрази недоумение зошто е прекината праксата на зголемување на златните резерви, особено во услови кога цената на златото на светските берзи континуирано расте.

– Не знам зошто е запрена практиката да се зголемува износот на монетарното злато. Во минатото го откупувавме домашното злато од рудниците и го стававме во резервите. Цената на златото само во последната година се зголеми двојно. Во услови на глобална несигурност, инвеститорите секогаш бараат сигурни средства, а златото е едно од нив – рече Славески.

Девизните резерви се средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели.

Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

 

Поврзани содржини