📽️ ЈА ЗАМОЛИВ ДА НЕ ГЛАДУВА, ЦЕЛА СРБИЈА Е ЗАГРИЖЕНА Вучиќ ѝ телефонирал на Дијана Хрка
Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот, изјави претседателот на Србија во видеообраќање.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ утрово лично се јавил на Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ, двајцата активисти кои со денови штрајкуваат со глад во Собранието.
– Разговарав по телефон со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив госпоѓата Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот – изјави Вучиќ.
View this post on Instagram
Меѓутоа, од неговиот кабинет не соопштија дали Хрка го прифатила повикот. Активистите претходно порачаа дека нема да се повлечат сè додека, како што велат, „не се слушне гласот на обесправените“.
Притоа, српските медиуми јавуваат дека состојбата на двајцата штрајкувачи е влошена и дека лекарски екипи се во постојана готовност. Според написите, можен е состанок во текот на денот.