ДНЕВНО СЕ РАСЕЛУВААТ ПО 67.000 ЛУЃЕ ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ За една деценија раселени 250 милиони, предупредува УНХЦР

УНХЦР како климатски кризи ги наведува поплавите во Јужен Судан и во Бразил, рекордните топлотни бранови во Кенија и во Пакистан и недостигот на вода во Чад и во Етиопија.

109

Последиците од климатските промени принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, предупреди Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) пред денешниот почеток на Конференцијата на ОН за климата КОП30, што ќе се одржи во бразилскиот град Белем.

„Во текот на минатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови предизвикаа околу 250 милиони внатрешни раселувања, што е еквивалентно на повеќе од 67.000 раселувања дневно“, се наведува во извештајот на УНХЦР.






Три четвртини од луѓето раселени поради конфликти живеат во земји кои се особено ранливи на ефектите од климатските промени, се додава во извештајот.

УНХЦР како климатски кризи ги наведува поплавите во Јужен Судан и во Бразил, рекордните топлотни бранови во Кенија и во Пакистан и недостигот на вода во Чад и во Етиопија.

Поврзани содржини