ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО, НАМЕСТА СО ПОРОЕН ДОЖД Од задутре постабилно и посуво време

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

51

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.






Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Утре, (вторник) во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

Поврзани содржини