СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ДА НЕ СИ ИГРА СО ПОТПИШУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ НА ЗАМИНУВАЊЕ! Ќе има ревизија на неговото работење, му порача ВМРО-ДПМНЕ

Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби кои ги има направено во Карпош и живее во страв дека сите работи ќе излезат на виделина, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Му порачуваме овие неколку дена што му останаа да не потпишува никакви документи, бидејќи добивме информации дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити.

769

Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита – изјави денеска на прес конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

– Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место. Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во Карпош, се уште не може да се помири дека дојде крајот на неговото изживување врз карпошани.






Јакимовски тоне во своите солзи, говори за некакви изборни нерегуларности во кои само тој верува. Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби кои ги има направено во Карпош и во страв дека сите работи ќе излезат на виделина, Стевчо плаче.

Алиби мајсторот Стевчо, се плаши од ревизија во општината и затоа му порачуваме овие неколку дена што му останаа да не потпишува никакви документи, бидејќи добивме информации дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити. Храбриот Стевчо треба да знае две работи, а тоа е дека народот во Карпош го порази и дека ќе има ревизија на неговото работење. Карпош се ослободи од Стевчо и неговите другарчиња од градежната мафија. Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја препородат општина Карпош – рече пратеникот Јаревски.

Поврзани содржини