РОДИТЕЛИТЕ НА КОСТА К. ТРЕБА ДА ИСПЛАТАТ 3 МИЛИОНИ, НО КОЛКУ ЕВРА ИМААТ? Продаден е „фиатот“ на Миљана, дел од имотот замрзнат

Судскиот процес го отвори прашањето за вредноста на имотот на семејството, кој, според проценките на „Блиц“, достигнува најмалку 700.000 евра, или 100 илјади евра повеќе од процената на нивната адвокатка. Меѓутоа, имотната состојба на фамилијата Кецмановиќ не ја покрива целата сума. Дел од нивниот имот е веќе под хипотека и под извршна мерка. Во таа насока, во декември 2024 година е продаден автомобилот „Фиат“ на Миљана Кецмановиќ, поради долг од 1.388.192 динари (околу 11.800 евра).

1,026

Родителите на малолетниот убиец Коста К. од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Владимир и Миљана Кецмановиќ, ќе треба да исплатат над 344.000.000 динари, односно речиси 3 милиони евра отштета на семејствата на убиените ученици, наставничката Татјана Стевановиќ и двата ранети ученици.

Одлуката на Вишиот суд во Белград ја потврдува моралната и граѓанската одговорност на родителите, јави Мондо.






Според судот, Кецмановиќ и училиштето се задолжени солидарно да ги надоместат душевните болки на 27 семејства. Судскиот процес го отвори прашањето за вредноста на имотот на семејството, кој, според проценките на „Блиц“, достигнува најмалку 700.000 евра, или 100 илјади евра повеќе од процената на нивната адвокатка.

Меѓутоа, имотната состојба на фамилијата Кецмановиќ не ја покрива целата сума. Дел од нивниот имот е веќе под хипотека и под извршна мерка. Во таа насока, во декември 2024 година е продаден автомобилот „Фиат“ на Миљана Кецмановиќ, поради долг од 1.388.192 динари (околу 11.800 евра) што таа не го исплатила кон извршителот. Судот го замрзна остатокот од нејзиниот имот во Ниш и Параќин додека не завршат сите постапки.

Од друга страна, доколку фамилијата не успее да ја исплати обврската, судот може да покрене принудна наплата и конфискација на нивните недвижности, а во екстремен случај, Владимир и Миљана можат да се соочат и со кривичен прогон за непочитување на судска одлука, предупредуваат правни експерти.

На 3 мај 2023 година во Белград, во основната школа Основна школа „Владислав Рибникар“ (Врачар општина), 13-годишниот Коста Кецмановиќ отвори оган врз ученици и вработени, при што животот го загубија девет ученици и еден чувар.

Тој бил вооружен со два пиштола кои му припаѓале на неговиот татко.

Нападот бил планиран. Коста Кецмановиќ изработил листа со цели и направил распоред на движење низ училишниот објект.

 

Поврзани содржини