КАВГА МЕЃУ ДВЕ СЕСТРИ ПРЕРАСНА ВО ТЕПАЧКА Помладата пријавила дека добила ќотек од постарата
Полицијата истражува семејна кавга во скопскиот Карпош, во која 44-годишна жена наводно физички ја нападнала својата сестра.
Жена од Скопје пријавила дека била нападната од својата родена сестра во семејниот дом во Карпош. Инцидентот се случил во ноќта меѓу саботата и неделата, околу половина час по полноќ.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, 40-годишната жена била физички нападната од нејзината сестра, 44-годишната М.В. од Скопје. Полицијата потврди дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите.
Од МВР засега не откриваат повеќе детали за мотивите или тежината на нападот, а по завршување на истрагата ќе биде познато дали против напаѓачката ќе следи соодветна пријава.