БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗАЕВ И НА ФИЛИПЧЕ, СДСМ ПРОПАЃА Народот ја казни нивната аздисаност и ноншалантност, порача Манасиевски

Оставките без суштина не се решение, само одложување на неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче, вели Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

669

СДСМ доживеа историски пораз – некогаш големиот СДСМ и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во главниот град. Венко Филипче под диктат на Зоран Заев ја доведе партијата до целосен пад, без визија, без стратегија и без доверба кај граѓаните, рече денеска Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Резултатите се јасен показател дека народот ја казни нивната ноншалантност и аздисаност. Со освоени само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, СДСМ го изгуби она што беше нејзина најголема предност, а тоа е поддршката во средините каде некогаш доминираше – рече Манасиевски.






Во СДСМ нема реформи, туку само обиди за спас на поединци и криење на вистинскиот виновник за поразот, Венко Филипче, додаде тој.

– Оставките без суштина не се решение, само одложување на неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче. Очигледно е дека СДСМ и натаму функционира под диктат на Зоран Заев. Филипче ниту се дистанцираше од него и од неговите политики, ниту покажа капацитет да ја врати партијата на вистински пат. Ако за Филипче ова е одличен резултат, тогаш ние му се честитаме. Но, вистината е дека под вакво раководство СДСМ ќе продолжи да тоне – потенцира Манасиевски.

На Македонија ѝ е потребна вистинска опозиција, а тоа нема да се случи без оставка на Филипче и реформи во СДСМ, повтори тој.

Поврзани содржини