🎥 ДРАМА ВО ТУЗЛА, ГОРИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ДОМ, НАЈМАЛКУ 7 МРТВИ Повредени и натаму се изнесуваат

Најмалку петмина се пренесени во болница, а итните служби постојано пристигнуваат со нови повредни, на кои лекарите им укажуваат итна помош.

548

Најмалку седум лица загинаа во катастрофален пожар што вечерва избувна во Дом за стари лица во Тузла, јавува Аваз.ба. Стравувањата се дека бројот на жртви би можел да биде и поголем, со оглед на тоа што интервенцијата сè уште трае.
Најмалку петмина се пренесени во болница, а итните служби постојано пристигнуваат со нови повредни, на кои лекарите им укажуваат итна помош.
Од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдија дека сите расположливи екипи се упатени на местото на настанот. Пожарникарите и натаму го гасат пожарот. Околу 22 часот тој бил локализиран, потврди Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон.
Според последните информации, најмалку пет лица се пренесени во болница, а возилата на итната помош и натаму пристигнуваат. Меѓу повредените има и полициски службеници кои учествувале во евакуацијата на станарите на домот.

Најголем број од хоспитализираните се со труење од чадот предизвикан од пожарот. Пожарот бил целосно изгаснат нешто по 22 часот, а се врши увид за да се утврдат причините за трагичниот настан.






Причината за пожарот сè уште не е позната.

Поврзани содржини