ДЕБЕЛА ТРАГА ОД ИСТУРЕН ПЕСОК, ЧАКАЛ И ЦЕМЕНТ ЈА „КРАСИ“ ЦЕНТРАЛНАТА УЛИЦА ВО СКОПЈЕ! Ќе ја исчисти ли некој, или ќе се чека возилата сами да ја „изметат“?

Трагата од градежен материјал веројатно е истурена од некој недоволно обезбеден камион или мешалка.

1,052

На средина на коловозот на улицата 11 Октомври, во строгиот центар на Скопје, од денеска напладне има дебела трага од истурен песок, помешан со цемент и крупен чакал. Трагата, наместа наталожена, води по целата должина на улицата, почнувајќи од крстосницата кај Црвен Крст, пред Собранието и пред семафорите не Рекорд. Особено дебел слој беше наталожен пред Собранието.

Веројатно на некој недоволно обезбеден камион, што носел градежен материјал, а можеби и на тнр. мешалка за бетон, му истекле песокта и цементот, додека поминувал низ центарот на градот. Граѓаните во неверување поминуваа со своите возила преку дебелата трага од песок и камења, прашувајќи се како е можно вакви работи да се случуваат, а никој од надлежните служби да не реагира.






Загадувањето на градот од градежната механизација не е нов проблем во Скопје. Недоволно чистите возила и градежните зафати, особено во зима, се едни од загадувачите на воздухот, како и на улиците. Иако постои законска регулатива, истата пракса продолжува со години. Да се надеваме дека новоизбраните локални функционери сериозно ќе се позанимаваат со овој проблем.

Поврзани содржини