СКОПЈЕ – ЦЕНТАР НА ТАНЦОВИОТ СВЕТ ВО НОЕМВРИ Ќе настапат 2.500 танчари од 40 земји

86

Од 15 до 16 ноември 2025 година Скопје ќе пулсира во ритамот на танцот. Главниот град ќе стане сцена на меѓународниот танцов натпревар под закрила на Светската танцова федерација, кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“, а Касинос Австрија Интернешенал Македонија е поддржувач на најголемиот танцов настан во регионот.

Во текот на двата дена, повеќе од 2.500 учесници од над 40 земји од целиот свет ќе ги покажат своите вештини, страст и уметност преку различни танцови дисциплини.






Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја обезбеди поддршката за овој настан, потврдувајќи ја својата посветеност кон културата, уметниците и вредностите што го збогатуваат нашето општество.

– Вистинската уметност ги обединува луѓето, а танцот зборува на јазик што сите го разбираме. Поддршката на вакви настани е дел од нашата мисија да придонесеме за развојот на културниот живот во Македонија и регионот – порачуваат од Касинос Австрија Интернешенал Македонија.

На 15 и на 16 ноември 2025 година, Скопје ќе биде сцената каде што ќе се спојат енергијата, талентот и страста на танчерите од целиот свет, а публиката ќе биде дел од настанот кој ветува вистинско танцувачко уживање.

Поврзани содржини