📷 „НА ПАТ ЗА КИЧЕВО МЕКИЦИ НЕ СЕ ВО ТРЕНД, СЕГА СЕ КЕКСИ“ Пешевска му испрати „слатка провокација“ на Ахмети
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ ги изненади социјалните мрежи со духовита објава за изборната победа на партијата.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, со колеги и поддржувачи од партијата, објави фотографија на социјалните мрежи со колачи, испраќајќи директна и духовита порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
– На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија! – напиша Пешевска во својата објава, јасно алудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
Нејзината порака доаѓа контра на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој му порача на Христијан Мицкоски: „Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите“.
Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија како духовита и провокативна реакција по убедливата изборна победа во Кичево.