АКО ПРОДОЛЖАТ УБИСТВАТА НА ХРИСТИЈАНИТЕ, ТРАМП ЌЕ ЈА НАПАДНЕ НИГЕРИЈА „Ќе биде брзо, сурово и слатко“
Во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл, Трамп наведе дека американската влада, исто така, веднаш ќе ја прекине целата помош за Нигерија доколку таа сега посрамотена земја не преземе нешто за да го спречи прогонот на христијаните.
Американскиот претседател Доналд Трамп му наложил на Министерството за војна да се подготви за можна воена операција во Нигерија доколку нејзината влада продолжи да дозволува убивање на христијани.
Во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл, Трамп наведе дека американската влада, исто така, веднаш ќе ја прекине целата помош за Нигерија доколку таа сега посрамотена земја не преземе нешто за да го спречи прогонот на христијаните.
„Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко, исто како што терористичките насилници ги напаѓаат нашите сакани христијани! Предупредување: Нигериската влада подобро е да дејствува брзо!“ напиша Трамп, осврнувајќи се на исламските фундаменталисти во најнаселената земја во Африка.
Еден ден претходно, Трамп ја вклучи Нигерија на списокот на САД на земји од посебна загриженост во врска со верската слобода, наведувајќи дека христијанството таму се соочува со егзистенцијална закана.
„Карактеризацијата на Нигерија како религиозно нетолерантна држава не ја одразува нашата национална реалност“, одговори на платформата Икс, нигерискиот претседател Бола Тинубу, муслиман во брак со христијанска паштерка, пред Трамп да се закани со воена акција.
Одлуката на Трамп доаѓа по месеци лобирање од страна на американските конзервативци кои сметаат дека христијаните во Нигерија се соочуваат со геноцид, објавија светските агенции.