ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ЗАДУШНИЦА Граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицајците

671

Поради Митровденска задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Со почеток од 6.00 часот денеска сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по улицата Бутелска, лево по улица Александар Урдаревски, лево по улица Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел. За излез од гробишта – десно по улиа Боца Иванова, до кружниот тек на улица Бутелска, па лево по улица Бутелска и десно по улица Кемал Сејфула.






Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

СВР Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Поврзани содржини