СТАРАТА АМБУЛАНТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА Во Автокоманда ќе се гради современа здравствена установа

Општина Гази Баба и Министерството за здравство потпишаа договор за изградба на нова амбуланта во Автокоманда – проект кој ќе обезбеди подобри услови за здравствена заштита и современи работни простории за персоналот.

98

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и министерот за здравство Азир Алиу денеска потпишаа договор за соработка со кој официјално започнува постапката за изградба на нова амбуланта во Автокоманда.

Според договорот, јасно се дефинирани обврските на двете институции, а градежните активности на терен се очекува да започнат во првата половина на следната година.






– Нова амбуланта во Автокоманда станува реалност. Со овој договор го трасираме патот кон модерна и функционална здравствена установа, а старите бараки ќе заминат во историјата – се наведува во објавата на Општина Гази Баба на Фејсбук.

Од Општината нагласуваат дека со реализацијата на проектот значително ќе се подобрат условите за здравствена заштита, жителите ќе добијат поквалитетни услуги, а медицинскиот персонал ќе работи во помодерна и побезбедна средина.

– Работиме за граѓаните, одговорно, чесно и посветено. Ветувањата се реализираат – додаваат од општината.

Поврзани содржини