ЛАЗАРОВ, МАНАСКОВ, МИРКУЛОВСКИ И ДРУГИ НА ЕДНО МЕСТО Ракометен спектакл што фановите долго ќе го паметат

Македонските и европските ѕвезди приредија незаборавен спектакл, а дуелот заврши со нерешено 30:30, оставајќи ги фановите со насмевки и многу емоции.

1,460

Македонските ракометни легенди и гостите од Европа приредија вистинско ракометно уживање во салата „Јане Сандански“. Настанот, кој беше во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ“ по повод 20-годишното постоење на радиото, привлече околу 4.000 фанови.

Самиот резултат беше во втор план, а дуелот заврши нерешено 30:30, со што публиката имаше можност да се потсети на мајсториите на Лазаров, Пепи Манасков, Миркуловски, како и на новата атракција на голот, Диви (Ангелов). На теренот настапија и многу европски гости кои во минатото играле за македонски екипи, меѓу кои Штербик, Кањелес, Карачиќ, Чупиќ, Вугринец и други врвни играчи.






На клупите се најдоа легендарните тренери Лино Червар и Веселин Вујовиќ, кои во одреден период беа и селектори на македонскиот национален тим. Натпреварот имаше три периоди: по првиот, странците водеа со 9:7, по вториот Македонија имаше предност 20:18, а на крајот дуелот заврши 30:30.

Настанот го судеа Марјан и Драган Начевски, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и Силвана Карбевска и Марија Илиева.

Овој спектакл беше ретка можност за фановите да видат толку многу ракометни ѕвезди на едно место и да уживаат во нивните мајсторски потези кои ги обележаа македонските терени.

Поврзани содржини