ПОБЕДАТА ВО СКОПЈЕ, КАРПОШ, АЕРОДРОМ И ВО ШУТО ОРИЗАРИ ЗНАЧИ РАЗВОЈ И НАПРЕДОК Мнозинствата во советите ќе ги донесат потребните одлуки, порачува ВМРО-ДПМНЕ

Во недела на 2 ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број 9 за Орце, Сотир, Дејан и за Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ - победа која ќе значи визија, напредок, развој и многу работа и проекти, повикува владејачката партија.

287

Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во советите во поголемиот дел од општините, а вториот круг е нов предизвик, во кој кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини.

„Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60.000 гласа е недостижна од противкандидатот на матната и непринципиелна коалиција која ја интересира, исклучиво, власт по секоја цена. Голема е предноста и на Дејан Митески во општина Аеродром, каде во однос на противкандидатот од СДСМ во првиот оствари разлика од околу 9.500 гласа, како и на Сотир Лукровски во Карпош, кој во вториот круг влегува со позитива од околу 1.500 гласа. Битката во втор круг продолжува и во општина Шуто Оризари, каде што влегуваме обединети со голема мобилизација за пресврт на резултатот и за победа на ВМРО-ДПМНЕ“, сопшти партијата.






За ВМРО-ДПМНЕ нема мала или голема општина, нема рурална или урбана општина, секоја општина е важна и ВМРО-ДПМНЕ се бори за секој еден граѓанин, се додава во соопштението.

„Од друга страна, за функционални локални самоуправи кои ќе реализираат проекти и ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, важни се општинските совети. И тоа е предусловот кој е исполнет во првиот круг од изборите, каде што во скопските општини ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и мнозинство. Во општина Аеродром ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство со 15 советници, бројот на освоени советници во Карпош е 11, во Шуто Оризари 4, а во Советот на Град Скопје – 18 советници. Ова се бројки на советници во советите на овие скопски општини кои ќе донесат одлуки за големи проекти, важни за граѓаните. Токму затоа, за да се заокружи оваа победничка слика која значи развој на општините, потребна е масовна поддршка од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели восоопштеието на ВМРО-ДПМНЕ.

Во недела на 2 ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број 9 за Орце, Сотир, Дејан и за Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ – победа која ќе значи визија, напредок, развој и многу работа и проекти, повикува владејачката партија.

 

 

Поврзани содржини