ПРИВЕДЕН Е ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ Рустеми беше дел од коалицијата на Данела и ДУИ во Скопје
Единицата за Економски криминал при МВР попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во Скопје. Попладнево се очекува приведените да заработат кривична пријава пред ЈО.
Приведен е директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, како и раководителот во претпријатието Аки Саити.
Единицата за Економски криминал при МВР попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во Скопје. Попладнево се очекува приведените да заработат кривична пријава пред ЈО.
Сабахaдин Рустеми беше поставен за директор на „Комунална хигиена“ на 29.1.2025 година како дел од коалицијата на градоначалничката Данела Арсовска и ДУИ.
Рустеми важи за кадар близок до Блерим Беџети и како таков претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“ од 2017 до 2021 година, а потоа во соработката со Арсовска од 2023 до 2024 беше помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје.
Сабахадин Рустеми јавноста го знае како еден од личностите кои шират национална омраза. Со неговото директорување на „Комунална хигиена“ јавното градско претпријатие го доживеа врвот на хаосот – намерно оставање на ѓубрето низ Скопје, што се засили пред, но и за време на кампањата за локалните избори, со што е загрозено здравјето на скопјани.
Медиумите сведочеа дека како директор си доаѓал на работа, си земал плата и се правел дека проблемот со ѓубрето не постои.
Покрај намерното затрупување со смет на Скопје, Рустеми го следат и скандали со финансиите на „Комунална хигиена“. Се испумпуваат милиони, а претпријатието е нефункционално, затоа што возилата, наводно, се нефункционални.