ВМРО-ДПМНЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ ОЧЕКУВА ПОБЕДА ВО ПОВЕЌЕ ОД 20 ОПШТИНИ Директна битка ќе се води во 27 општини

На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и во градот Скопје, а во останатите 6 сме многу блиску до победа или незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот - рече Манасиевски.

199

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа, изјави денеска Валентин Манасиевски член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– По 19 октомври и апсолутната победа во првиот круг од овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на оваа историска победа. 550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11.000, благодариме на секој еден што гласаше за вистинскиот избор. А, сега имаме одлична можност да ја испишеме историјата на овие избори. На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и во градот Скопје, а во останатите 6 сме многу блиску до победа или незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот – рече тој.






Тој рече дека оваа поддршка се должи на чесноста, работата, посветеноста и транспарентноста, како и на многу ветувања на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализирале изминативе 4 години.

– Четири години сме без скандали, без местени тендери, без афери, без индиции или сомнежи за корупција или криминал. Затоа, ги повикуваме граѓаните на 2 ноември, масовно да излезат и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор – рече Манасиевски.

 

Поврзани содржини