ДА СИ ПОДАДЕМЕ РАКА КАКО ПРЕДЦИТЕ, ЗАЕДНИЧКИ ДА ИЗГРАДИМЕ ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА Честитка за 23 Октомври од ВМРО-ДПМНЕ

Ние сега слободно живееме во демократска Македонија која ни ја оставија нашите предци, а наша обврска и аманет е со почитување и учење на минатото да ја градиме иднината на просперитетна и развиена држава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

654

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани им го честита празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.






„Денот на македонската револуционерна борба е важен ден од македонската историја, кој нè потсетува дека слободата не била ниту лесно стекната, ниту подарена. 23 октомври далечната 1893 година е потсетник за првата семакедонска организација, кога основачите со визија, идеали и со револуционерни идеи зачекорија по патот на слободата и македонската државност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е ден кога со гордост се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери, се додава, затоа што без нивната прогресивност и силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на борбата и вековниот идеал на Македонците за слободна и независна македонска држава.

„Ние сега слободно живееме во демократска Македонија која ни ја оставија нашите предци, а наша обврска и аманет е со почитување и учење на минатото да ја градиме иднината на просперитетна и развиена држава. Да си подадеме рака сите, како што направиле нашите предци, и заеднички да направиме од Македонија подобро место за живеење каде што новите генерации ќе ја градат иднината. Нека ние е честит и вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини