ШАХИСТИТЕ НА АЛКАЛОИД ОДАТ КОН ТРИУМФ Го совладаа незгодниот противник од Азербејџан

165

Четвртото коло од Европскиот клупски куп, кој се одигрува на грчкиот остров Родос, донесе нов драматичен меч за ШК Алкалоид, со нова победа од 4:2 против традиционално незгодниот противник од Азербејџан, екипата Вугар Гашимов.

– Високата тензија беше присутна од првата минута. Оваа екипа во минатото во повеќе наврати играла тешки мечеви со нашиот тим и добро знаевме што нѐ очекува. Во претходниот меч ги поправавме позициите и правевме пресврти по четири часа игра, но овојпат ние го отворивме одлично и го трасиравме патот кон триумфот – изјави капитенот ВМ Влатко Богдановски.






Во петтото коло ШК Алкалоид ќе игра со бранителот на трофејот од минатата година, Нови Бор од Чешка, кој е трет носител, додека, пак, ривалите СуперЧес ќе го предизвикаат на мегдан  прворангираниот тим според рејтингот, Бајеган Пендик од Турција, кој денеска играше 3 : 3 со унгарскиот тим Нагиканижаи. Турнирот има само седум кола поради што оваа фаза на меѓусебни дуели може да биде пресудна за конечниот изглед на табелата.

Поврзани содржини