ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО 33 ОПШТИНИ, ВРЕДИ ВО 4, НАИ ВО 3 И СДСМ ВО 3 Државната изборна комисија ги објави официјалните резултати

За градоначалник на Скопје во вториот круг ќе одат Амар Меџиновиќ од Левица, кој освои 29.282 гласа и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 89.170 гласа, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко. 

1,221

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија освоија 33 градоначалнички места во првиот круг од локалните избори што се одржа вчера, на 19 октомври. Коалицијата Вреди победи во 4 општини во првиот круг, СДСМ освои градоначалници во 3 општини, а НАИ, исто така, во 3 општини.

Државната изборна комисија вечерва ги соопшти официјалните резултати од првиот круг од изборите, на кои се избраа советите во 80 општини и во Градот Скопје. Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг на 2 ноември, а во 4 општини изборите ќе почнат од почеток, затоа што не е исполнет цензусот од 30 отсто излезност.






Излезноста изнесува 46,63 отсто, а гласале 854.620 граѓани.

– За градоначалник на Скопје во вториот круг ќе одат Амар Меџиновиќ од Левица, кој освои 29.282 гласа и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 89.170 гласа. Во Советот на Град Скопје распределбата на мандатите е следна: ВМРО-ДПМНЕ и Твоја Македонија има 21, СДСМ 6, Левица 6, НАИ 4, Вреди 4, група избирачи Јана Белчева 1, група избирачи Марјан Калевски 1, Искуство за успех 1 и ЗНАМ 1 – соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчан, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Градско, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и во Штип.

Вреди ќе има градоначалници во: Арачиново, Желино, Сарај и во Теарце.

Националната алијанса за интеграција во првиот круг победи во Пласница, Липково о во Чашка.

СДСМ освои градоначалници во првиот круг во Богданци, Крива Паланка и во Кривогаштани.

Во рок од 60 дена треба да се повторат изборите во општиние Гостивар, Маврово Ростуе, Врапчиште и во Центар Жупа. Во Гостивар на 19 октомври изглегле на гласање 33,31 отсто од запишаните избираи, во Маврово Ростуше 30,31, во Врапчиште 25,18, а во Центар Жупа 21,49.

Поврзани содржини