ПАДНАА АМАЗОН, СНАПЧАТ, ФОРТНАЈТ, ПЕРПЛЕКСИТИ Проблеми со системот AWS предизвикаа прекини

Меѓу сервисите кои имаат проблеми се и Фортнајт, Канва и познатиот модел за вештачка интелигенција Перплексити. Според извршниот директор на Перплексити проблемот е во Амазон. Од Амазон велат дека се работи за системот АWS.

509

Поради голем прекин на интернетот, голем број веб-страници, онлајн игри и апликации имаат проблеми, објави Скај Њуз повикувајќи се на Downdetector.

Сервисите на Амазон, Снапчат, Роблокс, „Coinbase“ и „Vodafone“ се меѓу нив. Проблемите започнаа утрово, а се чини дека причината се проблеми со „Amazon Web Services“. Во САД биле пријавени повеќе од 2.000  прекини на овој сервис.






Меѓу сервисите кои имаат проблеми се и Фортнајт, Канва и познатиот модел за вештачка интелигенција Перплексити. Според извршниот директор на Перплексити проблемот е во Амазон.

Од Амазон, пак, изјавиле дека прекините се поради зголемена стапка на грешки и доцнења со повеќе AWS услуги.

– Активно сме ангажирани и работиме на ублажување на проблемот и идентификување на причината. Ќе објавиме ажурирања за 45 минути или порано доколку имаме дополнителни информации за споделување, вели Амазон. Причината за проблемот се веб-услугите на Амазон, според извршниот директор на компанијата за вештачка интелигенција Перплексити.

Поврзани содржини