„НЕАДЕКВАТНОТО РАБОТЕЊЕ НА ДУИ ЈА УРНА КУЌАТА НА ВЛАДО МАЛЕСКИ“ Обвинителството да отвори истрага, бара ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на ДУИ од Струга даде градежна дозвола за објект до куќата на Владо Малески и ја загрози истата со нејзино уривање. Криминалот на ДУИ и неадекватното работење прави штета по државата секој ден. Јавното обвинителство мора да постапи и отвори истрага. Очекуваме одговорност за штетата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

2,317

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, реагира ВМРО-ДПМНЕ на рушењето на куќата на познатиот македонски првоборец и автор на македонската химна.

„Градоначалникот на ДУИ од Струга даде градежна дозвола за објект до куќата на Владо Малески и ја загрози истата со нејзино уривање. Криминалот на ДУИ и неадекватното работење прави штета по државата секој ден. Јавното обвинителство мора да постапи и отвори истрага. Очекуваме одговорност за штетата.






Се надеваме дека Министерството за култура ќе направи се да ја поправи штетата направена од ДУИ и ќе ја обнови куќата на Владо Малески“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини