БАРААТ ДА ДАДЕМЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ЛГБТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Вкупно 1.500 милијарди долари бараат Демократите за да ја одблокираат Владата, откри спикерот Џонсон

Тие сакаат да потрошат 24,6 милиони долари од вашите тешко заработени долари за отпорност на климатските промени во Хондурас, 13,4 милиони долари за граѓански ангажман во Зимбабве, 3,9 милиони долари за грантови за ЛГБТ+ демократија во Западен Балкан, 2,9 милиони долари за намалување на ризикот од пустински скакулци на Африканскиот Рог. Ова се несериозни предлози од несериозни луѓе, вели Мајк Џонсон, спикерот на американскиот Конгрес.

702

Финансиската блокада на владата на САД од страна на демократите му прави вистинска штета на американскиот народ. Додека демократите продолжуваат да го слават страдањето на Американците, сега бараат 1,5 трилион долари (1.500 милијарди долари) буџетски пари за да ја прекинат блокадата, изјави вчера Мајк Џонсон, спикерот на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес.

Џонсон наведе што бараат демократите за да се прекине финансиската блокада на американската влада што трае од 1 октомври, поради што илјадници владини службеници и војската се без можност да бидат платени за својата работа:






• 200 милијарди долари за бесплатна здравствена заштита за илегалните мигранти;

• крај на барањето според кое секој кој е способен за работа треба да е вработен, активно да бара работа или да посетува некоја обука за работно оспособување, за да добива бесплатна здравствена заштита;

• да се скратат 50 милијарди долари од парите наменети за руралните болници;

• враќање на скратените 500 милиони долари за левичарските медиуми или организации кои пропагираат крајно левичарска идеологија;

• испраќање 5 милијарди долари во странство, на странски земји за „отпорност на климатските промени“, „феминистичко организирање“ и „грантови за ЛГБТ+ демократија“ во земјите од Западен Балкан.

Еве што точно кажа Џонсон за тоа кои се барањата на демократите во Конгресот за деблокада на финансирањето на владините служби во САД:

– Тие бараат 1,5 трилион долари нови трошоци платени од американските даночни обврзници. И сакам да бидеме конкретни. Сакам да забележите што содржи тој нивен предлог бидејќи сè уште не сме навлегле во сите детали за него, бидејќи е голем и многу апсурден. Но, еве некои од најважните работи: тоа би ги поништило здраворазумните реформи што ги направија републиканците во намалувањето на данокот за работничките семејства, со што нелегалните странци се држат подалеку од здравствената заштита финансирана од даночните обврзници. Ова е факт. И тие би им ги додале на илегалците, кои не се државјани, бенефициите финансирани од даночните обврзници. Тоа би ги чинело даночните обврзници речиси 200 милијарди долари. Тие, исто така, би го отстраниле многу разумниот и скромен услов за работа што го поставуваме за младите мажи, за да добијат здравствена заштита. Како што рековме, тие не треба да добиваат медикејд кој е наменет за ранливи популации – на пример, стари лица, лица со попреченост и млади бремени жени, а не е за млади работоспособни мажи кои играат видео игри. Го ставивме тоа во законот затоа што е здраворазумно – рече Џонсон

Нивниот контрапредлог би го поништил тоа, што би чинело околу 358 милијарди долари, додаде тој.

– Потоа, тие би ги укинале, би ги одзеле 50-те милијарди долари што ги ставивме во законот за поддршка на руралните болници. Тие би го отстраниле тоа и би испратиле половина милијарда долари на либералните новински куќи. Исто така, бараат да се дадат 5 милијарди долари од средствата на американските даночни обврзници за расипничко трошење на меѓународни проекти. Еве неколку примери за тие проекти. Еве што сакаат да направат: Тие сакаат да потрошат 24,6 милиони долари од вашите тешко заработени долари како даночни обврзници за отпорност на климатските промени во Хондурас. Тие сакаат да потрошат 13,4 милиони долари за граѓански ангажман во Зимбабве. Тие сакаат да испратат 3,9 милиони долари за грантови за ЛГБТ+ демократија во Западен Балкан. Тие сакаат да потрошат 2,9 милиони долари од вашите долари за намалување на ризикот од пустински скакулци на Африканскиот Рог и 2 милиони долари за „организирање за феминистички демократски принципи“ во Африка. Ние не го правиме тоа. Ова се несериозни предлози од несериозни луѓе и тие играат игри додека вистинските Американци се оштетени од блокадата на владата – изјави спикерот Џонсон.

Владината блокада во САД започна од 1 октомври, откако демократите не се согласија да се продолжи со финансирањето на владата без исполнување на нивните услови, додаде тој.

– Тоа значи дека владата не може да ги плаќа своите вработени, освен во одредени исклучоци – рече Џонсон.

АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ОСТАНУВА БЛОКИРАНА Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање

Поврзани содржини