НАСТАВНИЧКА УДРИЛА УЧЕНИК ВО УЧИЛНИЦА Скандал во Крушево, родителите во шок, полицијата истражува

Полицијата во Крушево спроведува истрага по пријава на 35-годишна мајка, која тврди дека нејзиното малолетно дете било физички нападнато од наставничката за време на наставата.

130

Во Полициската станица во Крушево била пријавена физичка пресметка меѓу наставничка и ученик во основно училиште во градот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во понеделникот околу 18:30 часот, 35-годишна жена од Крушево пријавила дека нејзиното малолетно дете било физички нападнато од наставничката во училиштето каде што учи.






Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу настанот.

Дополнителни информации за инцидентот се очекуваат по завршување на разговорите со вклучените страни.

Поврзани содржини