ЗАГИНА 72-ГОДИШЕН ШТИПЈАНЕЦ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ШТИП-ВЕЛЕС Повреден е млад возач од Струмица

На 12.10.2025 година околу 14.15 часот на експресниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Струмица, соопшти полицијата.

106

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на експресниот пат Штип-Велес, во која животот го загуби едно лице, соопшти полицијата.

„На 12.10.2025 година е пријавено дека околу 14.15 часот на експресниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Струмица. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на возилото ,,пасат“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, соопшти полицијата.






Возачот на возилото ,,голф“ се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, се додава во соопштението.

Увид изврши јавен обвинител во содејство на екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Поврзани содржини