НАЈМАЛКУ 42 ЗАГИНАТИ ВО ТЕШКА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО ЈУЖНА АФРИКА Автобус излетал од патот, 7 деца меѓу загинатите

Автобус полн со патници синоќа излета од патот во планински предел и се преврте.

119

Најмалку 42 луѓе загинаа во синоќешната сообраќајна несреќа во планински регион во северниот дел на Јужна Африка. Автобус полн со патници излета од патот во планински предел и се преврте.

Несреќата се случила во близина на градот Луис Тричарт. Автобусот превезувал патници од Зимбабве и од Малави.






Локалните власти не соопштија колку лица се повредени во сообраќајната несреќа.

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и 7  деца. Тој рече дека „ова не е само трагедија за земјата, туку и за нашите сестрински држави Зимбабве и Малави“.

Поврзани содржини