СЕ СТОРИ СОВЕТНИК САМО СО СОПСТВЕНИОТ ГЛАС Необичен изборен случај во град во Хрватска

Михановиќ во изјава за локалниот портал еМеѓумурје рече дека имал јасна порака, да покаже дека еден глас, кога се користи како протест, може да му донесе место во Советот. 

147

Еден глас ја решил предизборната дилема на локалните избори во градот Мурско Средишче во Хрватска. Кандидатот Милорад Михановиќ стана член на Советот, само со сопствениот глас.

Од 270 лица запишани како гласачи од ромската заедница, само четворица се појавиле да гласаат. Три гласачки ливчиња биле неважечки, и само едно, важечко гласачко ливче било поддршка за Михановиќ. Тој лично рече дека гласал за себеси, бидејќи, како што истакна, заедно со неговата сопруга биле повикани да не гласаат како форма на протест против, како што тврди, изборни неправилности.






Михановиќ во изјава за локалниот портал еМеѓумурје рече дека имал јасна порака, да покаже дека еден глас, кога се користи како протест, може да му донесе место во Советот.

Причината за протестот, според него, е тоа што на претходните избори за заменик-жупан во округот тој бил оштетен. Ниту Државната изборна комисија, ниту окружната комисија, според него, не интервенирале за да ги исправат неправилностите.

Кандидатската листа на Михановиќ е официјално регистрирана како група гласачи, и во таа листа тој фигурира како прв кандидат.

Поврзани содржини