МЕГАН МАРКЛ ПРОДАВА СВЕЌА ШТО МИРИСА НА НЕЈЗИНАТА ВЕНЧАВКА СО ПРИНЦОТ Производите од брендот на војвотката од Сасекс се трошат како алва
Брендот за животен стил „As Ever“ ја најави празничната колекција, а во неа има некои производи кои привлекуваат особено внимание. Имено, дел од неа е свеќа која мириса на венчавката на Меган со принцот Хари, но и свеќа која мириса на нејзиниот семеен дом
Меган Маркл ја прошири понудата на својот бренд за животен стил „As Ever“ со нова празнична колекција, а еден производ особено се издвојува. Станува збор за свеќа од 64 долари (55 евра) инспирирана од денот на нејзината венчавка со принцот Хари, која беше најавена минатата недела преку видео на Инстаграм.
Брендот официјално ги претстави новите производи за постудените денови, вклучувајќи ја и свеќата наречена Signature Candle No. 519. Како што е објаснето во соопштението за медиумите, бројот 519 го претставува 19 мај 2018 година, датумот кога Меган и Хари се венчаа.
View this post on Instagram
Самата свеќа има ноти на „лист од мароканско нане, листови од бел чај и заднински мирис на дрвенест кардамон, создавајќи „освежителен мирис за будење, како шолја чај од нане“. Во колекцијата има и уште една свеќа, бр. 084, инспирирана од мирисот на семејниот дом на Меган и именувана по нејзиниот роденден, 4 август.
Успех во бизнисот и повисоки цени
Како што пишува Vanity Fair, брендот As Ever постигна моментален успех. По лансирањето во април, сите производи се распродадоа во рок од еден час, а истото се случи и со последователните колекции.
Додека првите производи беа попристапни, со цени под 30 долари (околу 26 евра), новата празнична колекција носи значително зголемување на цените. Свеќите чинат 64 долари (околу 55 евра), а новото пенливо вино, опишано како „идеално за прослава на свршувачка, достигнувања или повторна средба“, се продава за 89 долари (околу 76 евра).
Во неодамнешно интервју на Самитот за најмоќни жени на Fortune, Меган призна дека големата побарувачка за производите на брендот го комплицирала планирањето за нејзиниот мал тим.
Меган објасни: „Откако првично се распродадоа, рековме, одлично, ајде да ги зголемиме залихите десеткратно за колекцијата за следната сезона. Ќе ги добиеме сите метрики што ни се потребни. Потоа сè се распродаде во рок од четири часа – што, повторно, е одлично, но навистина не ни помогна.“
Соработка со Netflix
„As Ever“ беше основана како заедничко вложување со одделот за производи за широка потрошувачка на Netflix и лансирана заедно со ТВ-шоуто на Меган за храна и начин на живот, „With Love, Meghan“.
Серијата премиерно се прикажа во март, втората сезона од осум епизоди следеше во август, а за ноември е најавен и празничен специјал. Иако третата сезона е сè уште неизвесна, Меган потврди дека планира да продолжи да соработува со компанијата без оглед на судбината на серијата.