📽️ ТРАМП ЈА ДОЗНАЛ ВЕСТА ЗА ГАЗА ОД ЛИСТ ХАРТИЈА? Рубио нешто му шепна, па следеше изјава

Државниот секретар ми даде порака дека сме многу блиску до договор на Блискиот Исток и дека ќе му треба моето присуство наскоро. Ќе одговорам на уште неколку прашања, изјави шефот на САД откако го прочита листот хартија со рачен ракопис што му го врачи Рубио пред да му шепне нешто на уво.

2,155

Неочекувано, со куса порака напишана на мал лист хартија, американскиот претседател Доналд Трамп на 8 октомври дознал дека е „многу блиску до историски договор“ на Блискиот Исток. На социјалните мрежи се споделува моментот кога Трамп ја дозна големата вест.

На снимката може да се види дека листот Трамп го добива од државниот секретар Марко Рубио. Рубио му шепнува нешто на Трамп. Шефот на САД внимателно и без да брза чита од листот.






– Државниот секретар ми даде порака дека сме многу блиску до договор на Блискиот Исток и дека ќе му треба моето присуство наскоро. Ќе одговорам на уште неколку прашања – изјави Трамп.

Репортер на „Скај њуз“ успеа да разбере што пишува во пораката.

„Наскоро треба наскоро да одобрите објава на „Трут Соушал“ за да можете да бидете првиот што ќе го објави договорот“, пишувало на листот.

Трамп на 9 октомври објави дека Израел и Хамас ја прифатиле првата фаза од мировниот план кој вклучува прекин на огнот, ослободување на заложници и повлекување на израелските трупи до однапред дефинирана линија.

Бројни светски лидери го поздравија договорот кој носи потенцијален мир.

 

Семејствата на заложниците се собираат на плоштад во Тел Авив прославувајќи го договорот со голем часовник кој отчукува за враќањето на нивните најмили.

Трамп објавил дека „миротворците се благословени“, а Бенјамин Нетанјаху го нарекол договорот „дипломатска победа“. Израелската војска соопшти дека веќе се подготвува за повлекување.

Договорот предвидува  надзорен Совет за мир, кој треба да го води лично Трамп, а Газа ќе премине под привремена палестинска технократска управа.

Се очекува и хуманитарната помош за Газа со фокус на храна, вода, струја и болничка нега. Рафах ќе се отвори во двата правци, а Израел ќе ослободи 2.000 палестински затвореници, вклучувајќи доживотно осудени, во замена за враќање на сите заложници.

Поврзани содржини