ФИЛИПЧЕ ЈА СПРОВЕДУВА ШЕМАТА НА ЗАЕВ СО БУГАРИЈА Резолуцијата на СДСМ е Тројански коњ, смета ВМРО-ДПМНЕ

Планот, сепак, не им оди од рака, затоа што се разоткриени и затоа што СДСМ на овие избори ќе доживее уште еден историски дебакл – рече пратеникот Бране Петрушевски.

54

Венко Филипче посвети цел предизборен и изборен период на една единствена работа – подметнување на Тројанскиот коњ преку таканаречената заедничка Резолуција за да и даде нов бонбона бизнис на Бугарија, кој Заев го договорил – обвини на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– А што договорил Заев? Тој прво добил куферче, а дал стик со материјали и ветување и шема за преземање на две големи македонски фирми од фирми блиски до поранешен бугарски премиер.






Сѐ што прави Венко Филипче во оваа кампања е во насока на реализација на планот на Заев, односно создавање на услови за некогаш тоа да се случи. Планот, сепак, не им оди од рака, затоа што се разоткриени и затоа што СДСМ на овие избори ќе доживее уште еден историски дебакл како што доживеа и на претходните избори. Планот и шемата на Заев, по која работи Филипче не успева, народот го прочита СДСМ. Македонија не е и нема да биде нивна паричка за поткусурување – рече пратеникот Петрушевски.

Поврзани содржини