ГАЗИ БАБА БЕЗ КАЛ Стефковски најави асфалт за повеќе од 100 локални улици

40

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави реконструкција на повеќе од 100 улици во општината.

„Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици! Ќе ги реконструираме улиците: Лазар Поп Трајков во Автокоманда, Анри Барбис и Карл Хрон во Триангла, Среќко Пужалка и Финска во Ченто, Пехчевска во Хиподром, 2 и 18 во Инџиково, Трајко Китанчев во Ченто, 10 и 3 во Јурумлери“, најави Стефковски.






Тој потсети дека во актуелниот мандат се асфалтирани повеќе од 170 локални улици.

„Проектот ‘Гази Баба без кал’ продолжува! Во следните 4 години, тој ќе биде целосно завршен. Заедно создаваме чисти, безбедни и проодни улици за сите!“, порача Стефковски.

 

Поврзани содржини