СПАСЕНИ ПЕТМИНА ОД ЧАМЕЦОТ ШТО СЕ ПРЕВРТЕ ВО ДУНАВ Кинезите се обиделе илегално да влезат во Хрватска

Според српските медиуми, во бродот имало 10 кинески и еден српски државјанин, најверојатно сопственикот на бродот, кој и го управувал.

132

Откако вчера (недела) околу 21 часот се преврте чамец во водите на Дунав, хрватските полицајци во близина на Сотин, недалеку од Вуковар, пронајдоа пет странски државјани и ги извлекоа од Дунав, објави Вуковарско-сремската полициска управа.

Според портпаролот на полициската управа, Драгослав Живковиќ, постои сомнение дека петтемина се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Србија во Хрватска. Според српските медиуми, во бродот имало 10 кинески државјани и еден српски државјанин, најверојатно сопственикот на бродот, кој и го управувал.






Во потрагата по други лица се вклучени пловила, сонари, дронови, термовизиски камери и службени кучиња на ПУ Вуковарско-сремската и Пристанишната управа, Државната интервентна единица за цивилна заштита и ХГСС.

Полицијата не можеше да потврди дали меѓу лицата што биле во бродот има хрватски државјани, а на пронајдените лица им е укажана потребната медицинска помош.

Во близина на Бачка Паланка, на северозапад од Србија, вчера се преврте брод во кој, според неофицијални информации, имало 10 кинески државјани и еден српски државјанин, објави Српската радиотелевизија.

Несреќата се случила ноќта помеѓу 6 и 7 октомври, а според сè уште неофицијални информации, има жртви, објави РТС. Неколку лица завршиле во водата по превртувањето.

Спасувачите сè уште бараат неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен.

Од 2017 година, Србија и Кина имаат безвизен режим, што значи дека граѓаните на двете земји можат да престојуваат или транзитираат низ териториите на Кина и Србија до 30 дена по влегувањето.

Поврзани содржини