📷1.000 ТУРИСТИ ЗАРОБЕНИ ВО СНЕЖНА БУРА НА МОНТ ЕВЕРЕСТ Спасувачите се обидуваат да ги пробијат патиштата

Во меѓувреме, од другата страна на границата во Непал, поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави што ги блокираа патиштата, урнаа повеќе мостовите и однесоа најмалку 47 жовечки животи.

356

Околу 1.000 луѓе се заглавени во камповите на источната падина на Монт Еверест во Тибет поради снежна бура што ги блокираше патиштата и во тек е акција за нивно спасување.

Kинеските медиуми објавија дека стотици локални жители и спасувачи се мобилизирани за да го расчистат снегот и да обезбедат пристап до областа, која се наоѓа на надморска височина од над 4.900 метри. Некои туристи веќе се евакуирани од планината.






Снежните врнежи започнаа во петокот и продолжија вчера, соопшти Туристичката компанија на округот Тингри. Продажбата на билети и пристапот до туристичката област Еверест се прекинати.

Во меѓувреме, од другата страна на границата во Непал, поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави што ги блокираа патиштата, урнаа повеќе мостовите и однесоа најмалку 47 жовечки животи.

.

Поврзани содржини