ПОЧИНА ПАТРИК МАРЕЈ ОД „СПЛЕТКИ“ Актерот кој го глумеше Мики Пирс во култната серија ја изгуби битката со ракот

Британскиот актер Патрик Мареј го глумеше ликот на Мики Пирс - досетлив криумчар и пријател на главните ликови Дерек - „Дел Бој“ и Родни Тротер во култната хумористична серија Only Fools and Horses.

135

Британскиот глумец Патрик Мареј, можеби најпознат по култната ТВ-серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses), почина на 68-годишна возраст. Веста за неговата смрт беше објавена на официјалната фан-страница на хит-серијата од минатиот век.

Мареј го глумеше Мики Пирс – досетливиот и духовит криумчар и пријател на главните ликови Дерек – „Дел Бој“ и Родни Тротер во хумористичната серија. Тој беше подложен на операција и хемотерапија во 2021 година заради тумор на белите дробови. Подоцнежните тестови открија и рак на неговиот црн дроб, којшто не беше поврзан со првата дијагноза и можеше да се лекува. Во 2023 година, тој откри дека повторно му е дијагностициран рак.






– Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот пријател Патрик Мареј – Мики Пирс за многумина од нас. Тој беше редовен посетител на нашите собири и ќе ни недостига неговиот хумор и радоста што им ја донесе на многумина – се наведува во известувањето.

Освен по својата улога во „Сплетки“, тој е познат и по улогите во филмовите „Квадрофенија“ (Quadrophenia) (1979) и „Фирма“ (The Firm) (1989). По завршувањето на „Сплетки“ во 2003., Мареј се повлече од глумата и стана таксист, но ѝ се врати на глумата во 2015. и 2019 година, кога доби улоги во ТВ-сериите „Напор“ (Endeavour) и „Услови“ (Conditions).

Тој беше во брак со својата сопруга Анонг, која ја запознал додека живеел 10 години во Тајланд. Се венчале во 2016 година и имаат една ќерка, по име Џози.

Поврзани содржини