КРЕМЉ РЕАГИРА, НАТО ЌЕ Ѝ ЦРТА НА УКРАИНА КАДЕ ДА УДРИ? Mожни се напади врз мега-постројки внатре во Русија

Според „Волстрит џурнал“, САД планираат да ѝ обезбедат разузнавачки податоци на Украина конкретно насочени кон нафтени рафинерии, гасоводи, нуклеарни централи и слична критична инфраструктура длабоко на руска територија.

1,381

САД редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина преку интернет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ги коментираше наводите на „Волстрит џунал“ дека САД планираат да ѝ обезбедат разузнавачки податоци на Украина конкретно насочени кон нафтени рафинерии, гасоводи, нуклеарни централи и слична критична инфраструктура длабоко на руска територија.






– Обезбедувањето и користењето на целата инфраструктура на НАТО и САД за собирање и пренесување разузнавачки информации на Украинците е очигледно – додаде тој.

Според написот на „Волстрит џурнал“ новото споделување информации за локации на постројките е со цел да ѝ се стане на патот на Русија во продажбата и во користењето на гориво.

 

Најавие за новата помош од НАТО и од САД за Украина доаѓаат денови откако шефот на САД Доналд Трамп изјави дека Украина може да си ја врати територијата преземена од Москва.

Поврзани содржини