ЈА ГУБИТЕ ПОДДРШКАТА, МУ НАПИШАЛ КИРК НА НЕТАНЈАХУ Позната е содржината на долгото писмо на конзервативниот говорник

Познатиот говорник чие убиство ги потресе САД во мај му напишал писмо од 7 страници на својот пријател, израелскиот премиер, посочувајќи му дека Израел сериозно ја губи поддршката од младите Американци.

300

Познатиот говорник Чарли Кирк кој беше застрелан во САД во мај оваа година му напишал писмо од 7 страници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со клучна поента дека Израел доживува пораз на информативниот фронт и дека мора итно да ја ревидира својата стратегија.

„Њујорк Пост“ го објави целиот текст на писмото за кое, Нетанјаху, по смртта на Кирк, изјави:






– Тој беше извонреден пријател. Ми испрати писмо на 2 мај, каде што напиша дека една од неговите најголеми радости како христијанин е да застанува во одбрана на Израел и да гради сојузи за заштита на јудео-христијанската цивилизација.

Тој додаде дека го поканил Кирк да го посети Израел неколку недели пред трагедијата, но дека посетата „за жал нема да се случи“.

Што навел Кирк во писмото до Нетанјаху?

„Антиизраелските и антисемитските трендови се на рекордно ниво на социјалните мрежи. Овие негативни чувства потоа се прелеваат на универзитетските кампуси, па дури и се провлекуваат во конзервативната МАГА-заедница“.

Кирк продолжува велејќи дека Израел се урива на социјалните мрежи и ја губи поддршката од младите Американци, па дури и меѓу најверните поддржувачи на Трамп, кое, како што вели, треба да биде аларм од петто ниво за Израел.

„Ме обвинуваат дека сум платен апологет за Израел кога ја бранам оваа држава. Но, кога нема доволно силно да ја бранам, ме нарекуваат антисемит. Знам дека имате војна на 7 фронтови и моето жалење изгледа безначајно во споредба со тоа. Но, се обидувам да ви пренесам дека Израел ја губи поддршката дури и во конзервативните кругови“, додал Кирк.

Притоа го повикал Нетанјаху:

„Да се ангажирате во ефективна медиумска стратегија со која ќе се прикаже Израел како близок сојузник на Америка. Би било силна порака ако израелски авион со Давидова ѕвезда слета во САД со помош по некој ураган“.

Кирк го прашува Нетанјаху и дали Израел понудил некаква помош за американската граница или за „одбранбениот систем што го спомнуваше Трамп?“

„Потрошувачите на социјални мрежи се свесни за милијардите што ги испраќаме кон Израел, но многу помалку се информирани што добиваме за возврат“, заклучил Кирк.

Тој нагласил дека сѐ што е напишано е од љубов кон Израел и кон еврејскиот народ.

„Мислам дека е важно да бидеш брутално искрен со оние што ги сакаш“, вели познатиот говорник и конзревативец чие убиство ги потресе САД и ги разбранува поделбите меѓу поддржувачите на левицата и на десницата.

Поврзани содржини